Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар со победа се вратија од Чаир

Младинките на Вардар со победа се вратија од Чаир

Младинките на ракометниот клуб Вардар со победа се вратија од гостувањето на Чаир, против истоимената екипа. Ова беше меч од претпоследното коло на плејофот.

Нашите девојки добро го започнаа овој натпревар и имаа водство од 0:2, на кое домашниот тим врати во иста мера и израмни на 2:2. Од тие моменти црвено-црните имаат постојано водство и контрола на играта на теренот. Успеваме со серија од 1:5 да имаме предност од 3:6. Највисоката позитива до која стигнавме во првото полувреме беше четири голови разлика и тоа 4:8, 5:9 и 8:12. Мал пад во нашата игра му овозможува на тимот на Чаир да се доближи на само еден гол негатива 13:14. До крајот на првото полувреме, Вардарки ја задржуваат предноста и на одмор се заминува со резултат 14:16.

Идентично го почнуваме и второто полувреме со два наши погодоци за повторно да ги вратиме они четири голови предност 14:18. Како одминуваше натпреварот постепено ја зголемувавме предноста, за во еден момент да стигнеме до највисоки 17:23. Многу работи околу конечниот победник беа јасни кога Вардар успеа да се одалечи на седум  гола позитива 18:25. Оваа предност ја зачуваа до самиот крај на мечот, за конечен резултат од 27:33. Анастасија Николовска беше најефикасна со 8 погодоци, додека Моника Георгиевска додаде 6 гола.

Младинките на Вардар успеаa за брзо да го преболат нерешениот резултат против Ѓорче и да се вратат на победите во лигата. Во рамките на последното коло, домаќини ќе бидеме на екипата на Металург.

Вардар: Иванова 3, Филипоска 2, Костадиновска 1, А. Тодоровска, Станикевска, Георгиевска 6, Карчева 4, Колевска, Стојмановска 3, Стамова 1, Николовска 8, Божиноска 3, Т. Тодоровска 2, Мицевска Костовска, Китановска.