Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден лани, „подмладениот“ ЖРК Вардар обезбеди финале во Купот
На денешен ден лани, „подмладениот“ ЖРК Вардар обезбеди финале во Купот

На денешен ден лани, „подмладениот“ ЖРК Вардар обезбеди финале во Купот

Минатата сезона по заминувањето на ѕвездите од ЖРК Вардар, во сениорската лига почнаа да настапуваат младите девојки од кадетскиот состав. Тие веќе во првата сезона како сениорки дојдоа до Ф-4 во Купот кој се играше во Куманово. На денешен ден (09/05/2020) дојдовме до мечот за „злато“.

Младиот тим ЖРК Вардар покажа дека е достоен за црвено-црниот дрес. Во Куп 1/2-финалето во Куманово се сретнавме со Стружанка. Црвено-црните дами покажаа карактер, желба, храброст  и победија. Ривалот немаше што да бара против еден ваков мотивиран тим. Вардарки газеа од минута во минута, по 6-6 во 13.минута се одеше на нашата “воденица“. Имавме добри голмани како Грујовска и Илиќ, одбраната покажа дека е бедем, во нападот разновидност.  На одмор заминавме со 16-12, победата за финале дојде со резултат 27-18.

6767

Најдобра во победата на ЖРК Вардар беше Ангела Костовиќ со осум гола, ја следеше Ѓеоргиевска со пет, а одлични беа и голманките Симона Грујовска и  Андреа Илиќ  со по седум одбрани.