Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ: Подготвени сме за титулата, сигурна сум во тоа!
Лекиќ: Подготвени сме за титулата, сигурна сум во тоа!

Лекиќ: Подготвени сме за титулата, сигурна сум во тоа!

Средниот бек на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ е голем оптимист во пресред на завршиот Ф4 турнир во Будимпешта. Нашата ракометарка верува дека токму оваа година е онаа година кога Вардар е подготвен и ќе го крене толку посакуваниот трофеј во ЛШ.

Немаме друг избор, ова е последната шанса за Вардар и ќе се потрудиме да го направиме тоа што треба. Трениравме напорно последниве недели и мислам дека сме подготвени, па едвај чекаме да почне натпреварот со Ростов. Точно е дека имавме одлична сезона, но ова е нов почеток и не е многу важно што бевме така добри досега. Ростов има одлична контра и полуконтра и тоа ќе биде најголемата закана за нас, истакна Лекиќ.

- Се надеваме дека зборовите на Лекиќ ќе бидат вистинити и дека сите в недела ќе се радуваме на огромен успех.