Репрезентацијата на Македонија во атлетика имаше свој настап на Европското тимско првенство од 3. лига во Лимасол во Кипар, а финишираше на 10. позиција со вкупно 268 поени. Дел од овој настан беше и нашата ракометарка, играчот на првиот тим на црвено-црните, Михаела Лазарoвска.
Нашиот бек кој има речиси 2.метра висина и е една највисока ракометарка во лигата настапи во дисциплината скок во височина, на тоа напреварување таа го освои 8. место.
Михаела прескокна 160 сантиметри колку што имаа уште две натпреварувачки пред неа, но тие имаа подобра серија. Лазарoвска скокна 150 сантиметри од првиот обид, а 160 од трет. На 165 сантиметри не успеа да прескокне. Ова беше доволно за девет поени за Македонија во оваа дисциплина.