Двете екипи на Вардар кои се натпреваруваат во кадетската лига, имаа можност да одиграат меѓусебен дуел. Во рамките на второто коло, во С.Р.Ц. Кале се одигра овој натпревар, на кој поуспешен беше тимот на Вардар. Вардар Јуниор беше предводен од помошниот тренер Кузмановска, додека победничката екипа ја водеше Платон. Мечот заврши со конечни 17:26. Најефикасен играч на целиот натпревар беше Анастасија Нелоска која постигна дури девет голови.
Јас како капитен на кадетската екипа на Жрк Вардар сум задоволна од мојот тим и мислам дека можеме да постигнеме голем успех. Вчерашниот дуел со нашите помали соиграчи Вардар Јуниор го почнавме лошо, но на крајот на полувремето се вративме во игра и го презедовме водството. Второто полувреме одигравме добра одбрана и така крајниот резултат беше со девет гола позитива за нас. Ова не е нашето најдобро светло.Ние како тим веруваме дека ќе се потрудиме повеќе во наредните утакмици, изјави Анастасија Нелоска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски