Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Нелоска: Наградата за најдобар среден бек се должи на нашата тимска работа и одличното одиграно финале
Анастасија Нелоска: Наградата за најдобар среден бек се должи на нашата тимска работа и одличното одиграно финале

Анастасија Нелоска: Наградата за најдобар среден бек се должи на нашата тимска работа и одличното одиграно финале

Турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ која втора година се организираше од страна на ракометниот клуб Вардар, беше активен во изминатиот период. Во женска конкуренција се натпреваруваа екипи, генерации родени 19998/99, 2000/2001 и 2002/03 година. Во генерација 2000/01, во големото “сестринско“ финале се сретнаа двете кадетски екипи на Жрк Вардар. Подобри беа поискусната и повозрасна екипа на Рк Вардар која ја совлада Рк Вардар-Јуниор.

-Што се однесува на турнирот, и неговата организација се беше одлично и се одвиваше онака како што беше планирано. Во однос на нашата игра, јас како капитен сум задоволна од моите колешки и соиграчи и задоволна сум од играта што ја пруживме на тренерот. Нашиот тренер Анжела Платон која ни даде шанса на сите да влеземе во игра и секоја од девојките да го даде својот максимум, по што резултатот си дојде сам по себе. Во финалниот меч кој го игравме против девојките што се помали една година од нас , издвоивме победа и со тоа се закитивме со првото место на турнирот.

Три наши ракометарки влегоа во идеалниот тим на турнирот. Признанието за најдобар среден бек и припадна на Анастасија Нелоска, која воедно е најдобар играч во кадетските екипи на Жрк Вардар.

-Врз основа на нашата тимска работа и одличното финале јас ја добив наградата и признанието за најдобар среден бек и од тоа сум многу задоволна и горда на себе и моите девојки. Но јас секогаш велам дека може и подобро, изјави Анастасија Нелоска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски