Женската младинска ракометна репрезентација лошо го отвори квалификацискиот турнир за пласман на европското првенство во Словенија. Вечерва избраничките на Борче Марковски на Кале беа убедливо поразени од соодветната селекција на Унгарија.
Каков тек имаше натпреварот говори самиот старт, кога Унгарија поведе со 0:6, а првиот гол нашиот состав го постигна дури во 13 минута. Македонија како да се ослободи од почетниот притисок и до крајот на првото полувреме успеа да воспостави резултатска рамнотежа и на одмор да замине само со четири гола негатива (7:11). Оваа предност на противникот се одржуваше и во првите осум минути од второто полувреме, кога следи серија на Унгарија од 0:4 за највисоки 10:18. Само за момент нашата репрезентација ја симна негативата на шест голови, но до крајот на натпреварот немаа повеќе сили за надигрување. На крајот поравме да се помириме со висок пораз од 18:33.
Најефикасна во нашиот тим беше Леонида Гичевска со 7 и Ана Иванова со 3 голови. Двете ракометарки се дел од ракометниот клуб Вардар. Утре од 18:30 часот играме против Молдавија.