Кадетките на ракометниот клуб Вардар стигнаа и до втората пролетна победа, откако успеаа да ја совладаат екипата на РК Алушовски во рамките на групата 2 од кадетската лига. На мечот кој се одигра во С.Ц. Форца, славеше Вардар со резултат 21:24. Со оваа победа над директниот конкурент успеаа да си создадат голема прилика за пласман на Ф-4.
Младиот тим на Анжела Платон и Марија Папуџиева веќе е сигурен патник на завршниот турнир во нивната пионеска категорија. Огромен успех ќе биде доколку и во кадетската лига каде се значајно помали од ривалите да обезбедат место помеѓу најдобрите четири. Сепак нивните одлични игри оваа пролет наговестуваат дека може да дојдат и до таа цел.
Во продолжение резултатите и табелата по 13.коло во кадетската група-2.