Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар утре ќе го дознае распоредот, лигата повторно со 13 тима
ЖРК Вардар утре ќе го дознае распоредот, лигата повторно со 13 тима

ЖРК Вардар утре ќе го дознае распоредот, лигата повторно со 13 тима

Во  понеделник на пладне, во просториите на Ракометната федерација на Македонија  ќе се извлече ждрепката за редните броеви во Женската Скопско лига. Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев ќе ги дознаат своите ривали.

Идентично како и лани ќе играат 13 екипи, дванаесет тима се исти, единствено на  местото на тимот на Алушовски кој не се пријави, ќе игра тимот на РК Шампион.  Новиот сениорски тим во лигата ќе биде  предводен од легендата на македонскот женски ракомет,  Валентина Радуловиќ. Шампионот ќе биде познат по одигрување на 26.кола, во една полусезона ќе има по 13.кола, секој тим ќе одигра 12 дуели, а во една рунда ќе биде „слободен“. Ова се екипите кои ќе учестуваат на ждребувањето:

ШАМПИОН
МЕТАЛУРГ
ВАРДАР
ЧАИР
СПАРТАК
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
КУМАНОВО
КУЗМАН ВАРДАР
ДЕСПИНА
СТРУЖАНКА
ГЕВГЕЛИЈА
ПЕЛИСТЕР