Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и водечката тројка со победи во првата пролетна рунда
Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и водечката тројка со победи во првата пролетна рунда

Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и водечката тројка со победи во првата пролетна рунда

Викендов се одигра првото коло во женската Супер ракометна лига оваа 2021 година. Сосема очекувано топ-5 екипите во дуелите со тимовите подолу на табелата дојдоа до победи. Чаир го совлада во гости Кузман со 21-35, Металург имаше лесна задача во Автокоманда со Пелистер (40-20), исто како и Куманово на домашен терен кога го совлада тимот на Спартак со 41-21. Екипата која е на 5.позиција, Деспина се зацврсти на истата по победата со пет гола (23-18) во Прилеп над ЖРК Гевгелија. Во единствената средба на екипи од втората половина на табелата, Овче Поле победи минимално во Скопје кај Шампион.

Вардар ја пречека во Јане Сандански екипата на Стружанка, ние дојдовме до победа со резултат 25-22. Од првата минута со финишот водевме постојано, ривалот се закануваше, но ниту еднаш не успеа ниту да изедначи во текот на мечот. Кај нас Трпевска имаше 9 гола, Диневска и Костовиќ имаа по 4 погодока. Грујовска во првиот дел сопре 7.топки, а  Илиќ во вториот период имаше 8.интервенции на оваа средба.

fb_img_1615806351208

* Ова се резултатите од ова коло, при клик на било кој пар може да се погледнат детали од мечот, односно записник.

Бидејќи топ-5 екипите победија нивниот распоред останува идентичен како и за време на зимската пауза. Куманово е лидер со 37.бода, зад него се Металург и Чаир со 33.бода, црвено-црните дами се на позицијата број.4 со 31.бод од 13.одиграни кола во сезоната 2020/2021.

Следува пауза поради ЕХФ-неделата и настапот на македонската А-селекција во квалификациите. Девојките на Ристова, Хмирова и Царчев гостуваат во Гевгелија. Поради паузата, следното коло е дури на крајот на овој месец, ова се паровите: