Младинките на Жрк Вардар одржаа уште ракометна лекција на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Утрово во малата сала во спортскиот центар Јане Сандански беше совладана екипата на Академија 2, со убедлви резултат од 29:7.
Натпреварот започна одлично за нашите девојки кои имаа предност од 6:0. Првиот гол противникот го постигнува, откако црвено-црните остануваат со играч помалку на теренот поради исклучување. При резултат од 7:2, црвено-црните успеваат да направат серија од десет последователни гола, за веќе да имаме двоцифрена предност на семафарот од 17:2. Сепак последниот гол во првиот дел беше дело на Академија 2, за конечни по првите 20 минути од 17:3.
Второто полувреме започна со два наши гола, за зголемување на водството. Академија немаше одговор за одличната игра на Вардарки, па до крајот мораа да се помират со само четири постигнати погодоци. Напротив црвено-црните, кои до врв ја наполнија нивната мрежа. Стрелците во нашиот состав се менуваа како на филмска лента. Предводникот на клупата на младинките, Билјана Пецевска им даде шанса за настап на најголем дел од ракометарките кои и беа на располагање. На голот ги имавме одлилните Мицевска и Костовска, кои добија подеднаква минутажа. Во редовите на Вардар највеќе се истакна Анастасија Николовска која постигна дури 8 голови. Тина Тодоровска ја следеше со 7 погодоци.
Рк Вардар: Костовска, Мицевска, Божиноска 4, Серафимова, Николовска 8, Стамова, Белимова, Стојмановска, Вељановска, Колевска, Карчева 2, Лазаревска, Георгиевска, Станиќевска 2, А. Тодорвска 2, Костадиновска, Т. Тодорвска 7, Филиповска 3, Иванова 1, Спасовска.
Утре во истава сала го играме решавачкиот дуел за првото место. со екипата на Ѓорче Петров, која денес ја совлада Академија 1, со резултат 19:9.