Нема одмор за младинската ракометна репрезентација до 19 години, која напорно се подготвува за предизвикот кој им следува во периодот од 23 јули-2 август. Тоа е европското првенство за младинки кое ќе се игра во Шпанија, во градот Валенсија. Викендов нашите надежи одиграа два подготвителни мечеви во Габрово, со младинската селекција на Бугарија. На двата натпревари нашите девојки забележаа минимални победи.
-Викендов во Габрово одигравме две пријателски утакмици со репрезентација на Бугарија, и двата натпревари ги победивме тесно. Не одигравме онака како што знаеме, но сепак на крајот нашиот квалитет дојде до израз. Добро е кога победуваш и во натпревари кога играш лошо.
Младинките се веќе во Скопје, каде продолжуваат со тренинзи и подготовки за спремни да го дочекаат ЕП.
-Продолжуваме со тренинзи уште денеска и сигурна сум дека ќе ја подигаме формата како времето поминува, за да во Шпанија го дадеме најдоброто од нас, изјави репрезентативката и член на Жрк Вардар Наташа Нолевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски