Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Нова рутинска победа за ЖРК Вардар СЦЈС во Супер-лигата

Нова рутинска победа за ЖРК Вардар СЦЈС во Супер-лигата

Нова рутинска победа за екипата на ЖРК Вардар СЦЈС во најсилната супер лига. Во текот на вчерашниот ден во малата сала на С.Ц. Јане Сандански гостуваше екипата на Гевгелија, која ја совладавме со резултат 38:16. Интересно во првите седум минути се играше гол за гол и резултатот беше израмнет на 5:5. Дури во два наврати противникот имаше и водство од 5:6 и 6:7. Сепак од тие момент младите Вардарки се рабудија и во следниот период прават серија од 7:0, со која зголемуваат на највисоки 13:7. До крајот на првото полувреме продолжи да расте разликата во наша корист, која на крајот беше изразена со предност од 17:10.

Стартот на второто полувреме го отворивме со два нови погодоци, а по само пет минути игра имавме и двоцифрена предност од 21:11. Разликата во квалитет беше очигледна на страната на црвено-црните. Следи нова серија при резултат 24:13 и тоа за Вардарки кои постигнуваат шест последователни голови и зголемуваат на 30:13. До крајот на мечот ние примивме само уште три погодоци, додека постигнавме речиси три пати повеќе од Гевгелија, за на крај да имаме конечен резултат од 38:16. Сите ракометарки се запишаа во листата на стрелци, а најефикасна беше Наташа Нолевска со 7 погодоци. Одличен настап на голот и за младата Јована Мицевска која со двоцифрен број на одбрани го заврши мечот.

Вардар СЦЈС: Белмезова (11 одбрани), Стоајновска 2, Трпковска 2, Ѓеоргиевска, Митова 3, Бојаџиска 3, Тодоровска 5, Мицевска (13 одбрани и 2 пенала), Нолевска 7, Станиќевска 2, Керамитчиева 4, Георгиевска 3, Мишевска 1, Божиноска 2, Гичевска 2, Велкова 2.