Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Камила Херем и Александра Лакрабер нови играчи на ЖРК Вардар!
Камила Херем и Александра Лакрабер нови играчи на ЖРК Вардар!

Камила Херем и Александра Лакрабер нови играчи на ЖРК Вардар!

Од Жрк Вардар денеска ни пристигна одлична вест. Од сезоната 2016/17 нови ракометарки на ЖРК Вардар ќе бидат: Норвешката репрезентативка Камила Херем и французинката Александра Лакрабер. Херем игра на позицијата лево крило, и се очекува во новата сезона да биде прв избор на таа крилна позиција. Херем на последното СП беше втор најдобар стрелец во својата репрезентација со вкупно 38 посигнати погодоци. Левото крило Херем доаѓа од тимот на Холстебро од Данска.

За официјалниот сајт на Жрк Вардар Херем изјави:

-Да имате можност да играте за Вардар е нешто што се почитува. Тоа е еден од најдобрите тимови во Европа во последниве години, а јас сѐ уште имам високи амбиции и за освојување титули и за личен напредок. Мојот агент и јас бевме во Скопје и бевме импресионирани од сите услови кои тимот ги нуди. Изгледа дека сѐ е овозможено за играчите да можат да се развиваат и да играат. Едвај чекам да се преселам во Скопје и да го запознаам градот и луѓето, особено фантастичните ракометни навивачи кои ги имате.

Александра Лакрабер има 29 години, и игра на позицијата десен бек. Лакрабер како што информираат од Жрк Вардар треба да остане во Скопје една сезона, но истата може да биде продолжена. Лакрабер доаѓа во Вардар од редовите на Ница од франциускиот шампионат, каде годинава прикажува одлични партии. Лакрабер во моментов е втор најдобар стрелец во француското првенство со просек од 6,5 голови по натпревар.

За официјалниот сајт на Жрк Вардар Лакрабер изјави:

-Многу сум среќна и горда што имам можност да дојдам во Вардар. Според мене, Вардар е еден од врвните клубови во Европа, кој може да ја освои Лигата на шампионите. Зборував со моите пријателки кои играа во Вардар и ми кажаа колку професионален е клубот и дека неговите амбиции се совпаѓаат со моите.

Добредојде за Херем и Лакрабер во ЖРК Вардар.