Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки одработија утрински тренинг во Букурешт
Вардарки одработија утрински тренинг во Букурешт

Вардарки одработија утрински тренинг во Букурешт

Нашиот женски ракометен шампион утрово го одработи последниот тренинг, пред вечерашниот натпревар против екипата на ЦСМ Букурешт. Многу значаен дуел за Вардарки, кои со триумф би го потврдиле треттото место во групата, а во последните два натпревари од главната група би влегле во борба и за второто место на табелата. Стручниот штаб немаша некои проблеми околу составување на екипата за овој меч, единствени кои отпаднаа од поширокиот список беа Итана Грбиќ и Драгана Петковска. Екипата неможе да смета и на повредената Татјана Хмирова.

На првиот напревар одигран во Јане Сандански, успеавме да славиме минимално со резултат 22:21. Букурешт е силен противник и треба внимателно да се влезе на овој меч, бидејќи голем е влогот и за двата има. Натпреварот ќе започне од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ-1.