Одличната Андреа Пенезиќ се искачи од третото на второто место на листата на најпрецизни стрелци во Лигата на шампионите. Нашата ракометарка на саботниот натпревар против Турингер иако не беше најдобар стрелец, сепак одигра добар натпревар. Пенезиќ со петте голови од овој дуел, дојде на бројка од вкупно 74 постигнати погодоци, што ја искачи на делба на втората позиција.
Пред 1/4 финалните мечеви табелата на топ – 3 стрелци во ЛШ изгледа вака.