Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Пенезиќ ја предводи листата на најдобри стрелци во лигата на шампиони

Андреа Пенезиќ ја предводи листата на најдобри стрелци во лигата на шампиони

Пред нас се првите четврфинални натпревари во женската лига на шампиони. Познато е дека екипата на ЖРК Вардар забележа триумф на првиот од двата натпревари против екипата на Митјиланд. Уште поважно е што победата беше остварена на теренот на противникот, со резултат 26:28. Најефикасна во нашите редови беше Андреа Пенезиќ која постигна 7 голови. Со овие погодоци таа се искачи на првото место на листата на најдобри стрелци во најголемото ракометно натпреварување. Пенезиќ има постигнато вкупно 81 гол, еден повеќе од Ана Грос од Мец, додека на третото место е Карина Сабирова од Астраханочка со 78 голови, која ги заврши настапите во ЛШ.

Во ТОП-50 најефикасни се наоѓаат уште Јованка Радичевиќ, која има 56 погодоци, додека Лакрабер и Лекиќ се на делба на 24-место со 45 голови. Место има и за Камила Херем која досега постигна 33 голови. Во сабота Вардарки го играат реваншот против Митјиланд, кога треба да го визираат пласманот на завршниот турнир во Будимпешта.