Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дали Вардар ќе мора да бара нов бек, Андреа Пенезиќ ја завршува кариерата?
Дали Вардар ќе мора да бара нов бек, Андреа Пенезиќ ја завршува кариерата?

Дали Вардар ќе мора да бара нов бек, Андреа Пенезиќ ја завршува кариерата?

ЖРК Вардар уште сега има сериозна обврска на пазарот, бидејќи ќе мора да бара замена за Андреа Пенезиќ. 

Најдобрата хрватска ракометарка и прв стрелец на вардарки веќе неколку сезони, во интервју за ТВ Арена изјави дека во јуни, најверојатно ќе стави крај на кариерата.

Пенезиќ рече дека има намера да ги доврши студиите, но и дека сака да посвети повеќе внимание на своето семејство. Минатата сезона го продолжи договорот со Вардар до јуни 2018, така што ќе го доработи и, очигледно, ќе стави крај на кареиерата.

Пенезиќ има 32 години и е во врска со голманот на Ренова, Матија Кобетиќ, па веројатно ќе сакаат и да го прошират своето семејство.

Ракометарката која до 2015 ја прогласуваа за најдобра во Хрватска седум години едноподруго, се откажа и од репрезентативниот дрес, во септември.

продолжи со читање на sport1.mk