Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мајса Песоа нов играч на ЖРК Вардар!
Мајса Песоа нов играч на ЖРК Вардар!

Мајса Песоа нов играч на ЖРК Вардар!

ЖРК Вардар обезбеди ново име за новата сезона, станува збор за бразилската репрезентативка и чувар на мрежата на ЧСМ Букурешт, противникот на Вардар во 1/2 финалето од Лигата на шампионите. Песоа потпиша договор со црвено – црните се до јуни 2018 година. Вардар Фанс пред околу еден месец информираше дека Песоа е можно ново голманско име на Вардарки, па еве денеска тоа го потврдија и од нашиот клуб преку својата официјална веб страна. Инаку Песоа има 31 година и од 2014 го носи дресот на романскиот шампион, предходно Песоа настапуваше и за Иси од Париз и за Динамо од Волгоград. Песоа може да се пофали и со светското злато со репреззентацијата на Бразил, освоено во 2013 година.

Со задоволство можам да потврдам дека од следната сезона голот на Вардар ќе биде уште посигурен со доаѓањето на Мајса Песоа. Нашиот голмански тандем и онака е еден од препознатливите белези на Вардар во Европа, а со Песоа сигурни сме дека ќе добиеме на квалитет и на цврстина во нашата одбрана. Таа е една искусна голманка со големо меѓународно искуство, кое претставува одлична препорака за нејзините способности и затоа Вардар е среќен што во своите редови носи голманка која би ја посакал секој тим во Европа”, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Песоа за официјалниот сајт на ЖРК Вардар го изјави следното:
„Имам добро чувство за Вардар, можам да почувствувам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене и за мојата кариера, нова авантура која многу ја сакам. Ме тера да се борам повеќе, да работам повеќе и да дадам сѐ од себе”, изјави Песоа.