Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пет ракометарки на Вардар, земаа поединечни награди на завршниот турнир
Пет ракометарки на Вардар, земаа поединечни награди на завршниот турнир

Пет ракометарки на Вардар, земаа поединечни награди на завршниот турнир

Младинската екипата на Жрк Вардар предводена од тренерот Билјана Пецевска се освојувачи на второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 1998/99 година. Вардарки во финалниот натпревар беа подобри од екипата на Ѓорче Петров со резултат 20:13. Супериорна игра во текот на целиот меч за нашите девојки, кои имаа постојано водство и на крај сосема заслужено го освоија трофејот. Третото место им припадна на Академија 2, кои ги победија Академија 1.

На свеченото затварање на турнирот, вообичаено беа поделени наградите за најдобрите играчи на завршниот турнир во младинска конкуренција. Во идеалната седморка се најдоа три ракометарки на Вардар. Една од најдобрите играчи и предводници на младинските, Анастасија Николовска ја доби наградата за најдобро лево крило, додека нејзината соиграчка Ана Станиќевска е најдобро десно крило. Ива Божиноска го доби признанието за најдобар лев бек на турнирот.

vardarfans najdobar strelec

Награди имаше и за најдобар голман, стрелец и играч на завршниот турнир. Јована Мицевска од редовите на Вардар е најдобар голман, додека Тина Тодороска со вкупно 18 постигнати голови е прогласена за најдобар стрелец на завршниот турнир. Тодоровска во просек постигнуваше по 6 голови на натпревар. Најдобар играч е Марија Николовска од второпласираниот тим на Ѓорче Петров.

vardarfans micevska najdobar golman

Наградите за најдобри поединци ги доделуваа Хмирова, Ихнева и Човиќ.