Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Новата генерација на РК Вардар, пионерките освоија прво место на турнир во Кичево – Платон: Ова е само почеток за оваа генерација, во која се вклучени девојки од школите кои се дел од академијата на Вардар и “Јуниор“ лигата
Новата генерација на РК Вардар, пионерките освоија прво место на турнир во Кичево – Платон: Ова е само почеток за оваа генерација, во која се вклучени девојки од школите кои се дел од академијата на Вардар и “Јуниор“ лигата

Новата генерација на РК Вардар, пионерките освоија прво место на турнир во Кичево – Платон: Ова е само почеток за оваа генерација, во која се вклучени девојки од школите кои се дел од академијата на Вардар и “Јуниор“ лигата

vardarfans-1

Новата генерација на ракометниот клуб Вардар, девојки родени 2004/05 година која во новата сезона ќе се натпреварува во пионерската лига успеа да освои прво место на меѓународен турнир кој се играше во Кичево. Покрај Вардар на истиот настапија и РК Кале- Кичево 2003/04, потоа екипа од Полска, како и Вардар со генерацијата родени 2004/05 година. На крајот успеавме да го освоиме трофејот, кој беше прв за оваа нова генерација на женскиот ракометен клуб Вардар.

vardarfans-4

На овој турнир дресот на Вардар го носеа следниве ракометарки: Бојана Коцева, Мила Пешиќ, Борјана Коцева, Мила Крагељ, Наталија Максимовска, Ива Ангеловска, Александра Коловска, Ана Мирчевска, Андрееа Миланова и Бојана Радевска. 

vardarfans-2

Оваа генерација ќе биде предводена од тренерскиот тандем, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои минатата сезона работеа со младинките на Вардар. За освоеното прво место во Кичево, своите впечатоци за нашиот сајт ни ги сподели тренерот Анжела Платон која истакна дека ова е само еден почеток на оваа генерација.

21462297_374601772970589_3513210652658653152_n

-Девојките за прв пат настапија заедно во овој состав, што се одрази и во нивната игра на почетокот на првиот натпревар на турнирот, но многу брзо се опуштија и продолжија со голема борбеност и пожртвуваност. Има доста работа пред нас, ова е само почеток за оваа генерација во која се вклучени девојки од школите кои се дел од академијата на Вардар и “Јуниор“ лигата, што не значи дека вратите се затворени и за други играчи. Во октомври треба да започне новата сезона на Јуниор лигата, ќе ги гледаме натпреварите и се надевам дека и оваа сезона ќе видеме квалитетни играчи со големо срце и спортски дух, истакна Платон.

Звонко Ивановски