Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По три години репрезентативна пауза, Андреа Лекиќ се враќа во селекцијата на Србија
По три години репрезентативна пауза, Андреа Лекиќ се враќа во селекцијата на Србија

По три години репрезентативна пауза, Андреа Лекиќ се враќа во селекцијата на Србија

По три години пауза, ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ прави кам бек во репрезентацијата на Србија. Лекиќ ќе биде дел од репрезентацијата, на претстојните квалификациски натпревари, против селекциите на Фарски Острови и Македонија. На 27-септември, Србија ќе одигра меч против Фарски Острови, додека на 1-ви октомври на Кале ќе гостува на Македонија. Андреа исткна дека е среќна за враќањето во националната селекција и дека ова е една нова ера за неа и нејзините соиграчки во дресот на Србија.

-Се чувствувам среќно и возбудено. Поминаа три години од таа репрезентативната пауза. Имам позитивна трема пред се, но среќна сум што се враќам назад во селекцијата. Се радувам на подготовките, познавајќи го селекторот, сигурна сум дека секој момент ќе биде искористен на вистински начин. Не сме играле во овој состав последниве години и ова е една нова ера за нас како репрезентација. Ривалите се со послаб квалитет од нас. Не знаеме многу за Фарски Острови, а Македонија добро ја познавам. Имаме десет дена да се подготвиме, немаме добри резултати во изминатите три години. Сакаме да се поправиме. Да не верувам во добри резулати, немаше да сум тука.