Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Девојките од Вардар Јуниор лесно триумфираа на гостувањето кај Гевгелија
Девојките од Вардар Јуниор лесно триумфираа на гостувањето кај Гевгелија

Девојките од Вардар Јуниор лесно триумфираа на гостувањето кај Гевгелија

Младите вардарки од екипата на Вардар Јуниор, го започнаа  16. коло во женската лига со дуелот в гости кај  ЖРК Гевгелија. Девојките на Симе Симовски од ова гостување се враќаат со победа, 31-24 (19-12). Дуелот според првиот план  требаше да се одигра во вторникот, но поради снежните врнежи истиот беше презакажан.

Постојано на почетокот поведувавме со еден гол, но  домашните ракометарки изедначуваа се до  3-3, тоа беше последен поволен резултат за нив на овој натпревар. Потоа се беше во знакот на  вардарки, па со серија 3-0 поведовме најпрвин со 6-3.   И по овој момент ние бевме поактивни па се одлепивме и на пет позитива,  11-6. Вториот период од првиот дел беше рутина, на одмор заминавме со “плус седум“, 19-12, кај нас во првиот дел фантастична беше Анастасија Николовска која  постигна шест гола.

scjs-660x330-660x330

Во второто полувреме темпото побавно,  тоа делумно го искористи домаќинот, тимот на ЖРК Гевгелија да намали на „пристојни” 4-5 голови. Сепак тие  тие немаа сили, но не ни добија прилика од нас  да направат пресврт. Во последните десет минути повторно доминиравме и се вративме на позитивата од седум погодоци, триумфот на крај беше изразен со резултат 31-24. Кај нас А.Николовска и Николиќ имаа по 7 гола, а на нашиот гол одлична беше Кицеска (17 одбрани). Ова беше вкупно осма победа за Вардар Јуниор, во рамките на женската лига.

ВАРДАР ЈУНИОР: Кицеска (17 одбрани), Илиќ (1 одбрана), А.Николовска 7, Карчева 1, Стефановска, Атанасова, Трпевска 2, Диневска 3, Божиноска 3, Филипоска 5, Иванова 3, Николиќ 7, М.Николовска.