Вчера почна пролетниот дел во кадетското првенство во женска ракометна конкуренција. Избраничките на Драгана Пецевска Ристова играа во гости кај екипата на Вардар Неготино и успеаа да триумфираат со 12-29.
Нашите девојки мечот го отворија со погодок за 0-1. Потоа веднаш со два последователни гола успеаа да зголемат на 0-3. Домаќините намалија на 1-3 по што следеше серија 1-4 за црвено-црните со која отидоа на “плус шест“ поведувајжи со 2-8. До крајот на првиот дел се влезе во игра гол за гол на двете страни. Неготино и ние постигнавме по четири гола. На одмор се замина со “плус шест“ за нас односно со резултат 6-12.
Вториот дел почна со гол за домаќинките кои намалија на 7-12. Потоа следуваше нов “потоп“ за нив правиме серија 1-5 и поведуваме со девет гола предност 8-17. Од тука се идеше како “подмачкан“о за нас. Домаќинот постигна четири гола, апак ние дури дванаесет. Триумфиравме со 12-29, со што дојдовме до првата пролетна победа или четвртата во лигата од шест одиграни натпревари во оваа категорија. Најефикасна во тимот предводен од тренерскиот двоец Драгана Ристова и Билјана Пецевска беше Андреа Седлоска со 8 гола, 7 гола имаше Костовиќ Ангела.