Пионерките на Вардар ја продолжија победничката низа во пионерската конкуренција тие веќе обезбедија Ф-4 со убедливата победа денес во Волково. На мечот од 7-мото коло против Ѓорче Петров, избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева триумфираа со двоцифрена предност 30 : 12 (14 : 4).
Доминиравме во сите аспекти на ракометната игра на оваа средба, тргнавме со два врзани гола на почетокот за почетни 0-2. Од минута во минута црвено-црните ја зголемуваа предноста па на одмор заминаа со двоцифрена разлика. Најмладите ракометарки на Вардар водеа со 4-14 на одморот. Девојките на Платон и Папуџиева во вториот дел “додадоа гас“ и почнаа да ја зголемуваат предноста. Па така на крајот победата дојде со 18 гола повеќе, што е многу ако се земе во предвид дека во оваа категорија се игра 40.минути ракомет ( 2х20 минути). Триумфиравме со 12-32 и на три кола до крајот веќе го заверивме Ф4 турнирот. По седум дуели тие имаат максимални 21.бода.
Најмногу голови денес за црвено-црните имаше Борјана Коцева која стрелаше умешно 5 пати, голманот Леа Христовска впиша 8 одбрани.
За нас стрелаа денес: Мила Пешиќ 2, Бојана Коцева – 2, Борјана Коцева -5, Зорица Андовска – 3, Јана Равојска – 2, Мила Крагељ – 2, Бојана Радевска – 1, Наталија Максимовска – 3, Ива Ангеловска -2 , Андреја Миланова – 3, Јована Трајановска – 1 и Сара Стефаноска – 4.
Во следното коло од пионерското првенство се домаќинки на екипата на Металург, која е второпласирана во нашата група.