Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС лесно мина низ Прилеп, во првенствениот меч кој беше “контролка“ пред реваншот во Купот Челинџ

Вардар СЦЈС лесно мина низ Прилеп, во првенствениот меч кој беше “контролка“ пред реваншот во Купот Челинџ

Девојките на младиот женски ракометен црвено-црн тим,  Вардар СЦЈС имаа успешна “контролка“ пред реванш викендов дома со бугарскиот тим во  Купот Челинџ. Избраничките на Симе Симовски вчера на  гостувањето во градот Прилеп кај истоимениот женски ракометен тим однесоа победа со  22-28 (12-13)

Во првиот дел се играше горе доле рамноправно. Постојано водевме, а прилепчаки се обидуваа да не стигнат.  Сепак ние го контролиравме текот на дуелот во првите 30 минути. Заминавме со предност на одмор со минимлана разлика од еден гол, на одмор се отиде со резултат 12-13. Во вториот дел девојките на Симовски го скршија отпорот на домаќинките. Успеавме веднаш по почетокот на вториот дел да се одлепиме резултатски контролирајќи и зголемувајќи го водството.  На голот кај нас Белмезова и Петковска имаа одлични партии и двоцифрен ефект. Накрајот однесовме победа од “плус шест“ , на семафорот во салата во Прилеп по крајот на 60 минути стоеше 22-28 во корист на црвено-црните девојки. Ова беше одлична контолка бидејќи нас викендов не очекува  домашен натпревар со екипата од  нашиот источен сосед, тимот на  Свиленград. Тоа  дуел  е реванш мечот од треттото коло во Купот Челинџ, на првиот меч во Бугарија ние однесовме победа со што речиси со “една нога“ сме понатаму во ова натпреварување во кое втора година по ред учествуваме. Наистакнати во Прилеп беа голманките Белмезова и Петковска кои впишаа по двоцифрен број одбрани-десет, кај стрелците Нолевска постигна 5 гола, а  Прленда беше прецизна 4 пари.

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (одбрани 10 топки), Прленда 4, Трпковска 2, Ѓеоргиевска 3, Николовска, Митова 2, Тодоровска 2, Нолевска 5, Станоевска 1, Петковска (одбрани 10 топки), Керамитчиева 2, Мишева, Божиновска 2, Николовска 2, Гичевска 1, Велкова 2.