Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миновска им наби комплекс на Стружанки, висока победа на тешкото гостување за ЖРК Вардар
Миновска им наби комплекс на Стружанки, висока победа на тешкото гостување за ЖРК Вардар

Миновска им наби комплекс на Стружанки, висока победа на тешкото гостување за ЖРК Вардар

Голема победа за Вардар на жешкиот терен во Струга, девојките на Ристова и Царчев со победа се враќаат од гостувањето кај ЖРК Стружанка. Пеколен финиш имаа црвено-црните дами, напpавија двоцифрена серија во која Миновска им задаваше главоболки на домаќинките, на крајот  нашите девојки победија со 20:30.

a4

Натпреварот започна со  погодок на Стојановска Михаела и изедначување на домаќинот, потоа погоди Трпевска и повторно изедначи домаќинот. Имаше на почетокот четити водства на црвено-црните дами и четири изедначувања на домаќинот, па така по 10.сетина минури ракомет имаше резултатска симетрија на семафорот (4:4).  Вардарки со серија 0-3, успеа да се долепат на  4-7, но кратко траше нашата радост пртивникот се врати во игра и изедначи на  10-10, потоа беше и  11-11. Успавме со мини серија во финишот да поведеме со два гола, и отидовме на одмор со резулатска позитива  12-14.

a4

Против нас имавме расположен ривал, екипа која игра храбро на домашен терен и не сака да подлегне. Тргнаа во офанзива на почетокот на вторите 30.минути и успеаа да дојдат на „нула“ кога изедначија на 17-17. Повторно бевме на почеток, повторно не беше решен исходот на оваа средба. Нашата одбрана доби имплус во вториот дел, успевме да ја подобриме дефанзивната поставност, Ристова одлично постави дефанзива.  По резултат 19-20, се случи црвено-црн тајфун, нашиот гол беше мал за ривалот како „кибритче“ тие не успеваа да погодат, ние сурово ги казнувавме. Успеавме да направиме спектакуларна серија 0-10, поведувајќи со  19-30, одбраната беше на ниво, во офанзива беше „егзекутор“ број еден Миновска. Сара беше неверојатна таа погоди во овој период седум пати, и тоа во 44,  45, 48, 50, 51, 53  и 58 минута, исто така беше потпомогната и од Трпевска. Победата дојде со резултат 20-30.

a5

Убедливо број еден денес беше Миновска Сара со 9 гола од 10 обида, Трпевска погоди седум пати, капитенот Диневска Бојана стрелаше во 4 наврата, Галевска даде 3 гола, по два погодока имаа: Попова, Дамјаноска и Костовиќ. Еден гол беше дело на Стојановска Михаела, оној на почетокот кои и е деби погодок во нашит дрес на официјален меч. Голманите го имаа следниот придонес, Илиќ 4 одбрани, Грујовска една.