Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Деспина лесна мета за вардарки, Саздовска и Ристовска погодија по дури 11 пати
Деспина лесна мета за вардарки, Саздовска и Ристовска погодија по дури 11 пати

Деспина лесна мета за вардарки, Саздовска и Ристовска погодија по дури 11 пати

ЖРК Вардар вчера имаше   гостувањето во Прилеп кај екипата на ЖРК Деспина. Иако девојките на Дибирова Ирина имаа  само со три интернационалки во составот немаа проблеми да победат.  Кај нас повторно блеснаа крилата: Јована Саздовска и Сара Ристовска, тие повоторно заедно постигнаа повеќе голови отколку целиот тим на ривалот. На оваа средба Вардар триумфираше со 43-16 (24-7).

Вардар условно беше “домаќин“ на натпреварот кој се играше во Прилеп, по договор на клуботите откако претходно планираниот меч за во Прилеп беше одигран во Скопје. Како и што се очекуваше на самиот старт го нашите девојки го презедоа водството и поведоа со 10-1. Прилепчанки потоа дадоа уште еден гол за 10-2 по што следуваше наша нова серија за водство 17-3 и 20-4.

На одмор по 30.минути ракомет отидовме со наша  предност од „плус 17″,  на семафорот во салата стоеше резултатот 24-7 за нас. Вторит дел беше чиста форманост, од минута во минута го зголемувавме водството, па на крајот победивме со “плус 27″, односно со 43-16.

ВАРДАР: Кликовац, Саздовска 11, Бајрамовска 5, Мицевска, Керамичиева 8, Суслина, Петровиќ 5, Гичевска 3, Ристовска 11.