Денес, ЖРК Вардар дојде до втората победа во новата сезона, по триумфот над Стружанка во гости, во Јане Сандански ја совладавме екипата на ЖРК Гевгелија со резултат 34-26.
Натпреварот започна со минута молчење за поранешниот прв човек и тренер на ЖРК Вардар. Се одаде почит за Николче Зиков-Зико од страна на учесниците на овој дуел.
Отворивме со погодокот на Стојановска, ривалот успеа да изедначи на 1-1, ние веднаш преку капитенот Диневска Бојана стрелавме за 2-1, од тој момент се до крајот на мечот ние бевме во водство. Одлично игравме во одбраната во нападот успеавме да казнуваме, Грујовска впишуваше одбрани, успеа да фрли три контри, две до Трпевска и една до Дамјаноска. Па се одлепивме на шест позитива (11:05) во 14.минута со голот на Трпевска.
По овој момент Ристова во игра уфрли дел од резервите, тоа донесе до пад во ритамот, Гевгелија намали на 15:12 во 26.минута. Клупата на црвено-црните веднаш реагираше и го побара својот прв тајм-аут. Со серија 3-0 успеавме да отидеме на одмор со резултат 18:12.
Во вториот дел по 11.минути игра ја пробивме двоцифрената граница на предност, со голот на Трпевска Ивона по една контра поведовме со 26:16. Клупата на гостинот веднаш по овој момент го искористи својот втор тајм-аут. Коцева Бојана денес на домашен терен го имаше дебито за првиот тим на ЖРК Вардар, таа покажа дека е капацитет и може дасе носи со сениорски ракомет. Илиќ имаше фатен пенал во вториот дел. Се играше гол за гол, во 54.минута водевме со 32:22 по голот на Миновска Сара од контра. Противникот во финишот успеа само да ја ублажи негативата и беше поразен со 34-26.
Трпевска Ивона беше прв стрелец со осум гола, по пет гола имаа три девојки: Дамјаноска Катерина, Миновска Сара и Бојана Диневска, а по три пати стрелаа Стаменкова и Стојановска.
Голманите на Вардар имаа 17 одбрани, Грујовска Симона во првиот дел имаше седум и три успешно фрлени контри, Илиќ Андреа впиша десет одбрани на оваа средба.