ЖРК Вардар со победа ја круниса успешната сезона и ја потврди 2.позиција во последното коло. Честитки за девојките за кои оваа е најдобар пласмaн од како се сениорски, честитики и за Ристова и Царчев кои го водеа тимот оваа сезона..
Попладнево гостувавме кај тимот на Ѓорче Петров во скопската населба Ново Село, на оваа средба на која од почетокот имавме контола на резултатот дојдовме до победа со резултат 21-46 (06-18). Ние отворивме со брутална одбрана и сурово казнување во напад, поведовме со 1:10. Се беше решено во тие моменти на овој дуел, до крајот го исконролиравме резултатот и со 12.позитива односно со резултат 6-18 заминавме на одмор.
Вториот дел се разбира дека немаше различен тек, без разлика на ротацијата во нашиот тим и тоа што добиа шанса повеќето од ростерот го задржавме ритамот. Победивме со 25.гола повеќе, конечниот резултат кој донесе „сребро“ во лигата изнесуваше 21-46.
Прв стрелец денес беше одличната Фани Ѓорѓиевска со 8.гола, најмладата во тимот Сара Стефаноска погоди 7.пати, по шест пати стрелаа три девојки: Миновска Сара, Попова Јасмина и Ивана Џатевска, а кадетката Коцева Бојана дуелот го заврши со 5.гола. Кај голманите по 6.одбрани зад своето име имаа Трајкоска Јована и Илиќ.