Девојките на Симе Симовски, младите ракометарки на Вардар јуниор ја остварија четвртата победа сезонава во домашното првенство. Тие вчера дојдоа до нови бодови триумфирајќи на гости кај екипата на Овче Поле со резултат 28-24 (15-11).
Доминацијата на младата екипа на „црвено-црните” се гледа и по тоа што му дозволија на противникот само трипати да го израмни резултатот, двапати во првото и еднаш во второто полувреме. На самиот почеток на првото полувреме направивме и предност од „плус 6″ за водство 11-5, ама му дозволивме на домашниот тим на намали на 11-13. Ама вардарки пак заиграа добро и на полувреме имавме позитива од четири голови, за наше водство, 15-11.
Во вториот дел на почетокот домашните ракометарки израмнија на 17-17. Тоа беше период на наша слаба игра, но веднаш се подобривме и со серија 4-0 отидовме на на 21-17. Домаќинките имаа уште еден обид да останат во игра, намалија на 20-22, ама тоа не беше доволно. Ние пак зголемивме на 25-21, и тоа беше веќе знак дека ќе победиме ние. По ова коло нашите млади ракометарки остануваат на 5. место на табелата со 14 бода, еден помалку од Куманово.
Овче Поле – Вардар јуниор 24-28 (13-16)
ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Шадие 3, Николовска 5, Карчева, Стефановска, Кицевска, Вељановска 2, Атансова, Трпевска 2, Георгиевска, Божиновска 4, диневска 2, Филиповска, Гичевска 3, Иванова, Николиќ 7.