Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки одбраната на Купот ја започнаа со убедлива победа в Гевгелија, Грујовска ја “спушти ролетната“ 9 одбрани во првиот дел
Вардарки одбраната на Купот ја започнаа со убедлива победа в Гевгелија, Грујовска ја “спушти ролетната“ 9 одбрани во првиот дел

Вардарки одбраната на Купот ја започнаа со убедлива победа в Гевгелија, Грујовска ја “спушти ролетната“ 9 одбрани во првиот дел

 ЖРК Вардар има тежок предизвик, да ја одбрани Куп круната освоена од “галактичкиот“ црвено-црн состав. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев за противник  во првата рунда од Купот ја имаат екипата на ЖРК Гевгелија. Ние на овој 1/4-финале дуел бевме  гости во истоимениот град. Нашитите дами  покажаа повторно дека се достојни за светиот црвено-црн дрес, победија со многу борба онака како што они знаат со битка за секоја топка на теренот и обезбедија следна рунда.

d11

  На почетокот на средбата одиграна во салата “26 Април“ ние поведовме со 1-3, за нас успеаа да погодат Дамјановска, Петковска и Ѓорѓиевска на самиот почеток. Сепак домаќинот успеаа да изнајде сили да не ни дозволи да се одлепиме и изедначија на 3-3. Се играше изедначено, голема борба на теренот, резултат пред крајот на првата половина на полувремето беше реми, 6-6. Тогаш повторно блеснавме, во одбраната, Грујовска фати во клучни моменти неколку удари, а ние влеговме во серија. Почнавме да се одлепуваме на противникот, од минута во минута, се до крајот на првиот период. Успеавме да заминеме на одмор со пет гола, позитива со што најавивме победа. На одмор беше 10-15 за црвено-црните дами.  Секоја чест за девојките, сите три сегмента на играта беа перфектни, голманите, одличната одбрана и креативниот напад на оваа средба. Тимот одлично од купата го водеа Симе Симовски и Александар Царчев до овој успех, честитики за сите.

d1

Вториот дел го отворивме со гол на пикерот Ивана Џатевска, за наша предност со 10-16.  Во првата половина од  вториот дел одигравме добро повторно во одбраната, нововлезената Трајкоска имаше неколку одбрани, тоа беше наградено во напад. Па уште на средината од овој дел покажавме дека ние ќе одиме понатака, кога поведовме со високи 13-22. Се беше тука решено, прашање на беше рутина како да се доведе дуелот до крај. Нашите девојки тоа  добро го знааат, па со допадлива игра ја чуваа предноста и дури и додадтно ја зголемија на крајот победивме со високи 18-30.

Кога сме кај девојките со најдобри бројки на оваа средба, Симона Грујовска имаше 9 одбрани што ја истакна како поединец број еден. Четири девојки имаа “број 5“ зад своето име, капитенот Диневска Бојана и крилото Мими Петковска погодија по пет пати, голманките Јована Трајкоска и Илиќ Андреа впишаа по пет интервенции.  Додека: Николиќ Милица, Ана Марија Божиновска и Стефанија Ѓорѓиевска стрелаа умешно по четири пати.

d22

Во ова т.н 1/4-финална рунда се играше еден дуел, со нашата победа обезбедивме место понатака. По оваа рунда има пет победници од петте дуели(лигата има 10 тима), ќе има ждрепка која ќе одреди кои три тима идат дирекно во 1/2-финалето, а кои два ќе одиграат уште еден дуел за пласман во најдобрите четири.