Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Јуниор лига: Поделба на бодовите помеѓу РК Будимир и РК Карпош, во женскиот дел кај генер. 2000/01
“Јуниор лига: Поделба на бодовите помеѓу РК Будимир и РК Карпош, во женскиот дел кај генер. 2000/01

“Јуниор лига: Поделба на бодовите помеѓу РК Будимир и РК Карпош, во женскиот дел кај генер. 2000/01

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од шесттото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Требаше да се одиграат два натпревари во женскиот дел кај генерација родени 2000/01 година, но поради недопатувањето на РК Урдаревски беше одигран само еден меч во оваа конкуренција. Во истиот се сретнаа екипите на РК Карпош и РК Будимир, кои во еден интересен натпревар одиграа со нерешен резултат 10:10.

16

Во првото полувреме се играше гол за гол на двете страни и ниту една од двете екипи не успеа да има предност поголема од еден гол разлика. И по првото полувреме резултатот на семафорот беше израмнет 5:5. На стартот на вториот дел, РК Будимир беше тимот кој постигна два последователни голови и се одлепи на 7:5. Во продолжение од мечот имаа водство и од 8:6 и 10:8, но екипата на Карпош од Куманово успеа да ги постигне последните два гола на мечот и да го израмни резултатот на 10:10, што се покажа и како конечен на крајот. Двете екипи имаа напад за водство, но не успеаа да реализираат. Избраничките на Наташа Ѓорѓевиќ (Младеновска) имаа можност преку удар од седум метри да поведат, но голманот на РК Будимир не дозволи да биде совладана. На крајот можеби поделба на бодовите беше реален осход од кој двете екипи треба да бидат задоволни.

20

Интересно е тоа што кај РК Будимир само две ракометарки ги постигнаа сите погодоци. Олгица Јованова и Ева Атанасова постигнаа по 5 голови. Кај РК Карпош се истакнаа Теодора Златановска, Марта Бошковска и Ангела Јакимовска кои постигнаа по 3 голови.

Натпреварот од истава генерација помеѓу РК Урдаревски и РК Филип не се одигра поради непристигувањето на РК Урдаревски.