Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор и Пелистер ги поделија бодовите, на натпревар од женската супер лига
ЖРК Вардар Јуниор и Пелистер ги поделија бодовите, на натпревар од женската супер лига

ЖРК Вардар Јуниор и Пелистер ги поделија бодовите, на натпревар од женската супер лига

Вечерва во Скопје се одигра натпревар од седмото коло во женската лига, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Пелистер. Во еден интересен натпревар на крајот двете екипи ги поделија бодовите.

Гостите од Битола има за што да жалат на овој натпревар бидејќи на моменти имаа и предност од најголеми четири гола, но младите Вардарки ниту во еден момент не се предадоа и на крајот успеаа да освојат бод, против екипата која пред ова коло беше повисоко рангирана од Вардар и важеше за мал фаворит во пресрет на овој натпревар. Во почетните минути од мечот натпреварот беше израмнет и се играше гол за гол, за гостинската екипа да започне да го превзема водството кое се движеше од 1-3 голови разлика. Така по истекот на првите 30 минути, тимот на Пелистер постигна и предност од најголеми четири голови разлика (11:15).

Младите избранички на Симовски имаа добар старт на второто полувреме кога по седум минути игра успеаа да ја анулират негативата на противникот и да го израмнат резултатот. Гледавме борбен натпревар со цврста игра во одбраната, каде двете екипи имаа свои периоди на добра игра. По неколку резултатски пресврти, во еден момент црвено-црните стигнаа и до минимална предност, за повторно Пелистер да врати и да влезе во финишот на мечот со позитива од само еден гол. Се играа последните две минути кога левото крило на Вардар, Николовска погоди и донесе израмнување за својот тим на 24:24. Имаа по еден напад и Јуниор и Пелистер за триумф, но не успеаа да реализираат. На крајот поделба на бодовите и конечен резултат од 24:2.4

Ова беше втор нерешен резултат оваа сезона за екипата на Вардар Јуниор, која има уште и три победи и два порази. На вечерашниот натпревар кај Вардар Јуниор се истакнаа бековите Гичевска Леонида и Божиноска Ива, како и крилото Станиќевска Ана, сите младински репрезентативки кои постигнаа по 5 голови.