Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Поранешна ракометарка и голман на Вардар го кажаа “судбоносното“ ДА

(ФОТО) Поранешна ракометарка и голман на Вардар го кажаа “судбоносното“ ДА

vardarfans-penezic

Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ го кажа судбоносното “ДА“ и тоа со поранешниот голман на ФК Вардар, Матија Кобетиќ. Нивната врска траеше долги години, па двајцата се решија да стапат во брак.

Свечената прослава се одвиваше во Загреб, на кој присуствуваа и поранешни ракометарки на Вардар, како Цвијиќ, Мавсар и Дембеле, но и поранешен голман на ФК Вардар, тоа е Игор Павловиќ, кој пак е во врска со Сираба Дембеле.

vardarfans-svadba

По заминувањето од Вардар, Андреа Пенезиќ ќе одигра уште една сезона и тоа во дресот на Шиофок, во првенството на Унгарија.