Вчера, репрезентативките на Македонија во младинска конкуренција попуштија во финишот на дуелот против Холандија и беа поразени со резултат 25:29. На овој дуел од 3.коло на ЕХФ шампионатот имавме водство речиси 50 минути, но на крајот забележавме неуспех и си ја загрозивме шансата за полуфинале.
Водевме на полувреме 14-12, во вториот дел имавме водство но противникот успеа со подобра игра во финишот да не совлада со 29-25. На вчерашниот меч, Kоларовска Ана Марија со 7 гола беше прв стрелец и беше избрана за МВП. Од вардарки Миновска Сара повторно блесна и имаше 6 гола, додека Ивана Џатевска погоди во една прилика.
Денеска во 4.коло играме против селекцијата на Косово во СЦ “Јане Сандански“.