Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младиот и борбен Вардар поразен од Металург, во дербито на Супер лигата
Младиот и борбен Вардар поразен од Металург, во дербито на Супер лигата

Младиот и борбен Вардар поразен од Металург, во дербито на Супер лигата

Денес во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ се одигра дербито во женската Супер лига, на кое тимот на ЖРК Вардар кој е најмалад тим во оваа сениорска лига го пречека фаворитот ЖРК Металург. Нашите девојки се фатија во “костец“ со противникот особено на почетокот одиграа храбро сепак немаа сили да се носат со далеку помоќниот ривал. На овој натпревар девојките на Симовски и Пецевска беа совладани со резултат 18-27 (9-13).

y3

Дуелот почна со по еден гол на двете страни, сино-белите девојки поведоа со 0-1, а ние изедначивме на 1-1. Металург успеаа да се одлепи на 1-3 во 5.минута, но на сцена стапија две наши девојки. Со четирите фантастични  одбрани на Симона Грујоска, и трите перфектни седмерци на Андреа Седлоска изедначивме на 4-4 во 10.минута од овој дерби натпревар. Се играше тврд дуел па во последните десет минути влеговме со резултатска симетрија, 6-6. Нашите девојки иако помлади од ривалот одиграа на високо ниво, се бореа за секоја топка во поле, гинеа во одбраната и играа бавно и сигурно во нападот. Првпат и последен во првиот дел поведове во 22.минута преку Дамјановска кога успеаа да погоди за 8-7. Следеше пад во нашата игра кој го искористија девојките од Автокоманда, тие влегоа во неверојатна серија и со 0-6 поведоа со 8-13. Истата не ја прекина и тајм-аутот на Симе Симовски кој проба да ги консолидира нашите редови. Во финишот заигравме поактивно, успеавме да намалиме на 9-13, а имавме уште една прилика за гол, сепак семафорот беше побрз од нашиот напад. На одмор заминавме со негатива од 4 гола, 9-13.

y y5

Во вториот дел сино-белите влегоа во исти ритам како и во завршните 10.минути од првиот дел, па по 12.минути игра успеаа да се одлепат на двоцифрена предност тие поведоа со 12-22. Ние веднаш се консолидиравме и успеавме со два погодока едно по друго да намалиме на 14-22 против повозрасниот и поискусен противник.   Симовски даде шанса на поголем дел од ростерот на овој дуел, а на голот прилика добија Грујовска, Илиќ и Трајковска сите три дадоа максимум, најголем број одбрани од нив имаше Симона  Грујовска. Металург го стабилизираше водстото од 10.гола кое постојано го одржуваше па во последните 4.минути влеговме со резултат 16:26 на семафорот во малата сала при СЦ “Јане Сандански“.  Успеавме во финишот со два гола да ја намалиме предноста на едноцифрена, ние бевме поразени со 18-27.

y4

Вардар: Трајковска, Гоцевска 3, Грујовска, Џатевска, Илиќ, Трпевска 1, Гроздановска, Костовиќ 2, Диневска, Миновска 1, Седлоска 4, Коларовска, Петковска 5, Дамјановска 2, Николиќ, Божиновска.