Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Порази за Лакрабер, Лејно, Мавсар и Лазовиќ на ЕП во Шведска
Порази за Лакрабер, Лејно, Мавсар и Лазовиќ на ЕП во Шведска

Порази за Лакрабер, Лејно, Мавсар и Лазовиќ на ЕП во Шведска

Во текот на вчерашниот ден се одигра третото коло на ракометното европско првенство во Шведска. Активни со настапи беа ракометарките на ЖРК Вардар.

Словенија не успеа да направи уште еден подвиг на овој мундијал. После големата победа против домаќинот Шведска, избраничките на Урош Брегар беа катастрофално поразени од селекцијата на Шпанија. По само осум минути игра, Шпанија се одлепи на резултат 5:1, а како илустрација на настаните на теренот, првиот гол Словенките од игра го постигнуваат дури во 17 минута кога намалија на 3:9. Првите два погодоци беа со удари од седум метри дело на ракометарката на Вардар, Тамара Мавсар. До крајот на првиот дел, Словенија постигна уште само два погодоци, по што на полувреме заминаа со голема  негатива од 14:5.

vardarfans-lazovic

Надежите на Словенија дека можат да сторат нешто повеќе се вратија на стартот на вториот дел кога направија серија од 0:3 и намалија на достижни 14:8. Сепак тоа беше се што успеаа да сторат и до крај на натпреварот, Шпанија не само што го врати највисокото водство, туку и истото успеа да го зголеми. На десет минути пред крајот, Шпанија стигна до двоцифрена предност, додека најголемата разлика достигна во 55 минута, кога резултатот гласеше 28:15. Крајниот резултат гласеше 30:18. Мавсар беше најефикасна со 5 погодоци, додека Лазовиќ не се запиша во листата на стрелци. Со овој пораз Словенија ги заврши настапите на ЕП.

На натпревар со две различни полувремиња, Франција загуби во дербито на групата од селекцијата на Холандија. Двете репрезентации започнаа доста израмнето, по што следеше серија на Франција и одлепување од противникот. Имаше Франција предност од највисоки шест голови, додека на полувреме се замина со предност на “триколорите“ од 12:7.

vardarfans-francija

Сепак во вториот дел гледавме една поинаква Холадија, која заигра многу подобри и како течеше мечот ја топеше предноста на Французинките. На десет минути пред крај стигнаа и до водство, по што се влезе во една неизвесна завршница, во која подобро се снајде Холандија. Конечниот резултат гласеше 17:18 во корист на “лалињата“. Лакрабер постигна четири голови и беше втор најдобар стрелец кај Франција.