Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат составот на ЖРК Вардар, за дуелот со Мец
Познат составот на ЖРК Вардар, за дуелот со Мец

Познат составот на ЖРК Вардар, за дуелот со Мец

Денес со почеток од 15:00 часот, ЖРК Вардар гостува во Франција, на екипата на Мец. Вардар е единствениот тим кој се уште е без пораз во Лигата на Шампионите, додека Мец пак не знае за неуспех пред домашната публика. Од тука ни претстои да уживаме во еден квалитетен натпревар, а нашиот тренерски тандем веќе го објави составот на кој ќе смета за денешниот меч.

Составот на Вардар: Цвијиќ, Керамичиева, Хмирова, Бајрамовска, Кликовац, Кузнецова, Лакрабер, Лазовиќ, Лејно, Лекиќ, Пенезиќ, Петровиќ, Радичевиќ, Ристовска, Саздовска и Суслина.

Директен пренос од мечот можете да проследите на МРТ-1.