Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Кале и РК Кастратовиќ 1 се финалисти во женскиот дел на зимскиот турнир

РК Кале и РК Кастратовиќ 1 се финалисти во женскиот дел на зимскиот турнир

Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа полуфиналните натпревари од женскиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година, по што се познати екипите кои ќе играат во големото финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“.

Во првото полуфинале играа екипите на РК Кастратовиќ 1 и Ново Лисиче, дуел кој им припадна на РК Кастратовиќ 1.

Во текот на целото прво полувреме екипата на Ново Лисиче беше во постојана предност. Во првите седум минути се играше израмнето со гол за гол на двете страни. Последното израмнување беше при резултат 4:4, кога избраничките на Аврамовска ја направија првата поосетлива предност. Ноов Лисиче успева да постигне три последователни голови и да зголеми на 4:7. Имаше Лисиче и највисоки 5:9, но сепак до крајот на првиот дел, екипата на Кастратовиќ 1 успева да фати резултатски приклучок и на одмор да замине со само два гола негатива (7:9).

15 13

Одлично го отворија второто полувреме, екипата на Ново Лисиче кога зголеми на 7:11. Сепак од тие моменти следи голем пад во играта на Ново Лисиче кои дозволуваат на Кастратовиќ да постигне четири голови во серија и да го израмни резултатот на 11:11. Имаше уште едно водство екипата предводена од Аврамовска (12:13), но гледаме уште една серија од 4:0 на РК Кастратовиќ за највисоки 16:13. РК Ново Лисиче не се предаваше успева да сврзе два гола и да на мали на 16:15. Во последните три минути, избраничките на Дамовска влегоа со предност од два гола (18:16). Последниот гол беше за Ново Лисиче, но само за намалување на резултатот на 18:17, што беше и конечен резултат.

0090

Во второто полуфинале се сретнаа екипите РК Кале од Кичево и РК Kастратовиќ 2. Тука немаше никаква неизвенсто за конечниот победник. Првиот гол РК Кастратовиќ го постигнува во третата минута за намалување на 2:1. Ударното дуо на РК Кале, Стефаноска и Димитриеска блескаше и на овој натпревар. До крајот на првото полувреме, РК Кале прави серија од 9:0 за на полувреме да има убедлива предност од 11:1. Сара Стефаноска беше нерешлива енигма за противничката одбрана, која немаше решение за нејзината игра. Таа во првото полувреме имаше само 7 погодоци и беше вистински лидер на својот тим.

25 24

Екипата од Кичево ги чуваше силите за големото финале, па од тука во вториот дел гледавме мал број на погодоци. Конечниот резултат гласеше 15:6. Убедливо најдобра Сара Стефаноска со 8 голови, додека Ева Димитриеска беше стрелец на 4 голови.

000

Големото финале ќе се игра во истава сала од 18:45 часот.