Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Позната квалификациската група за С.П за Македонската женска А-селекција предводена од Симе Симовски
Позната квалификациската група за С.П за Македонската женска А-селекција предводена од Симе Симовски

Позната квалификациската група за С.П за Македонската женска А-селекција предводена од Симе Симовски

Избраничките на тренерот на Вардар јуниор и македонски селектор Симе Симовски, сениорската женска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за  следните квалификации за СП. И овој пат  ждрепката не ни беше наклонета и повторно добивме ривали кои се со далеку подобар рејтинг од нас.

Македонија за противници во квалификациите ги доби репрезентаците на Австрија, Исланд и Фарски Острови, од овие три селекции  единствено Фарски Острови се аутсајдери, а  квалитетот е на страна на Австрија и Исланд кои пред ждрепката беа во првиот барабан. Задачата е тешка бидејќи  ќе треба да бидеме најмалку второпласирани за да продолжиме во баражот за СП. Вкупно седум репрезентации ќе продолжат во баражот, по две од првите три квалификациски групи и победникот од четвртата група. Распоредот за одигрување на мечевите е следен:

Првото квалификациско коло ќе биде во периодот од
5-9 октомври
(Австрија – Македонија и Македонија – Фарски острови)

23-27 ноември
(Исланд – Македонија и Македонија и Исланд)

30 ноември-4 декември
(Македонија – Австрија, Фарски острови – Македонија).