Денеска во Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона во Женската лига. Има 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола. Екипите се делат на плеј-оф и плеј-аут напролет, кога ќе се играат по дополнителни осум кола со екипите од другата група.
Првото коло од Женската лига ќе се игра на 10/11 септември.
Женска лига, сезона 2022/23:
Група А: Куманово, Вардар, Чаир, Пелистер, Шампион, Гевгелија, Спартак, Скопје
Група Б: Ѓорче Петров, Металург, Стружанка, Деспина, Овче Поле СУ, Астибо, Феникс, Кузман Вардар