Играчите на ЖРК Вардар, Камила Херем, Амандин Лејно и Александра Лакрабере имаа настапи за своите селекции на предолимпискиот турнир. Камила Херем заедно со селекцијата на Норвешка загуби од Шпанија со резултат 28-26, а токму Херем беше најпрецизна со седум постигнати погодоци. Новиот играч на Вардар, постигнала седум погодоци од осум упатени удари кон голот на шпанките.
Покрај Норвешка и Франција одигра предолимпискиот турнир и тоа против Романија. Французинките славеа со резултат 24-18. Лејно запиша шест успешни интервенции за нешто повеќе од 40 минути, додека пак новиот играч на Вардар Лакрабере, беше прецизна на четири пати.