Викендов се одигра 15.коло во женската Супер лига, односно првото пролетно од сезоната 2018/2019 година. Тритте водечки екипи дојдоа до победа. Металург дојде до гостинска победа со десет гола предност во Битола кај Пелистер, а пак Куманово го совлада на домашен терен тимот на Стружанка екипа на која и се одлепивме на плус три по ова коло.
Девојките на Симе Симовски и Александар Царчев играа со ЖРК Гевгелија в гости. Вардар на гостувањето во салата “26-ти Април“ во истоименот град успеаа да дојде до победа по одличен втор дел во кој наравивме пресврт. На паузата по 30.минути ракомет губевме со 13-9, во вториот дел изнајдовме сили и од “минус“ победивме со “плус четири“, односно со 21 – 25.
РАЗУЛТАТИ И ТАБЕЛА ПО 15.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГАТА:
- ЖРК СПАРТАК – ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ 49 – 24
-ЖРК КУМАНОВО – ЖРК СТРУЖАНКА 32 – 22
– ЖРК ПЕЛИСТЕР – ЖРК МЕТАЛУРГ 23 – 33
– ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК ВАРДАР 21 – 25
-ЖРК ЦЕМС – ЖРК ДЕСПИНА 23 – 32
1 | ЖРК МЕТАЛУРГ | 15 | 13 | 0 | 2 | 39 |
2 | ЖРК КУМАНОВО | 15 | 12 | 1 | 2 | 37 |
3 | ЖРК ВАРДАР | 15 | 10 | 1 | 4 | 31 |
4 | ЖРК СТРУЖАНКА | 15 | 9 | 1 | 5 | 28 |
5 | ЖРК ПЕЛИСТЕР | 15 | 9 | 0 | 6 | 27 |
6 | ЖРК СПАРТАК | 15 | 7 | 2 | 6 | 23 |
7 | ЖРК ДЕСПИНА | 15 | 5 | 1 | 9 | 16 |
8 | ЖРК ГЕВГЕЛИЈА | 15 | 4 | 0 | 11 | 12 |
9 | ЖРК ЦЕМС | 15 | 3 | 0 | 12 | 9 |
10 | ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ | 15 | 0 | 0 | 15 | 0 |