Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 15.коло! ЖРК Вардар се одлепи на три бода од Чаир и Стружанка, Куманово со 14/14
Преглед 15.коло! ЖРК Вардар се одлепи на три бода од Чаир и Стружанка, Куманово со 14/14

Преглед 15.коло! ЖРК Вардар се одлепи на три бода од Чаир и Стружанка, Куманово со 14/14

Викендов се одигра 15.коло во женската ракометна сениорска Супер лига, во истата првите три тима на табелата помеѓу кој и Вардар дојдоа до победи.  Куманово дојде до максимални 14/14 по победата во Струга кај тимот кој беше со идентичен број бодови до ова коло како нас, Стружанка. Металург имаше лесна задача со Алушовски во гости, а последниот тим од топ-5, Чаир триумфираше во Битола. Кузман Вардар дојде до третта победа оваа сезона и ги остави зад себе Алушовски и Овче Поле.

115

ЖРК Вардар гостуваше во Прилеп кај тимот на ЖРК Деспина во саботата. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев беа решени да дојдат до гостинска победа. Ривалот парираше само до 5:5, потоа со серија 0:4 поведовме (5:9), а на пауза заминавме со 9:14 во наша корист и најавивме триумф. Во вториот дел блеснавме, па имавме дури 14.гола повеќе од ривалот победата дојде со резултат 15-34. Кај нас на оваа средба Илиќ имаше 12.одбрани, Седлоска погоди 10 пати. Галевска и капитенот Диневска имаа по шест гола, идентична бројка на одбрани имаше Трајкоска.

На табелата, Куманово е суверен на  врвот, Металург останува втор како и ние третти. Сепак успеавме по ова коло да отидеме на три плус во однос на два тима, Чаир и Стружанка сега имаат 30.бода односно се три чекора зад нас. Вака изгледа табелата по 15.кола:

Идното коло е закажано за средината на оваа седмина, 16.коло е вонредно и ќе се игра за време на работната недела.