Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 6.коло! Чаир со прв пораз, ЖРК Вардар, Металург и Куманово со максимален ефект
Преглед 6.коло! Чаир со прв пораз, ЖРК Вардар, Металург и Куманово со максимален ефект

Преглед 6.коло! Чаир со прв пораз, ЖРК Вардар, Металург и Куманово со максимален ефект

Викендов се одигра 6.коло во ракометната женска Супер лига по која само три тима останаа без пораз. Екипите кои лани завршија на позициите во топ-3, повторно се на истите. Покрај нашиот Вардар, тоа се екипите на Металург и Куманово.

Чаир ова коло го забележа првиот пораз и ја “напушти“ групата на непоразени тимови, тие на гостувањето кај вице-првакот, ЖРК КУманово беа соваладани.  Деспина врза две победи и напредуваше на табелата. Металург и Куманово лесно минаа повторно во средбите со своите ривали.  Девојките на Вардар токму во ова кола беа слободни, тие одмараа поради тоа што тимот на ЦЕМС се откажа од натпреварувањата, а во ова 6.коло ние требаше да бидеме нивни домаќини. Ова се резултатите од 6.коло.

Металург е прв со максимални 18 бода, максимален ефект со 15.бода имаме ние и Куманово, но поради непарниот број на тимови во првите шест кола одигравме еден натпревар помалку. На позицијата четири е Чаир, тим со солидна сезона кај кого ќе гостуваат црвено-црните овој викенд. Тоа ќе биде прв сериозен тест за екипата во оваа сезона.