Во сабота не очекува реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Митјиланд. По тој повод клубот во четврток ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе своите очекувања за овој дуел. Истата ќе започне од 12:00 часот и ќе се одржи во видео салата во СЦ “Јане Сандански.
Натпреварот во сабота е закажан од 17:00, а вардарки имаат голема шанса да обезбедат нов пласман на завршниот турнир во Будимпешта.