Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар – Алтхаус: Ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат
Кастратовиќ: Ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар – Алтхаус: Ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат

Кастратовиќ: Ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар – Алтхаус: Ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат

Екипата на ЖРК Вардар одигра со нерешен резултат (27:27) на првиот натпревар во лигата на шампиони во новата сезона. Иако на стартот на второто полувреме имавме четири голови предност и изгледаше дека полека го кршиме отпорот на противникот, се случи она обратното, во еден момент ФТЦ Будимпешта имаше и водство од еден гол разлика. На крајот со поделба на бодовите можеби среќни се двете екипи, иако можат и двете да жалат за пропуштената шанса. Вардарки имаа последен напад и девет секунди да реализираат, но судиите им ја одземаа топката поради неправилно водење на топката. Во истата акција нашиот гол беше празен, па еден од противничките играчи не успеа да погоди, така што резултатот остана непроменет. На прес-конференцијата после мечот се обратија шефот на стручниот штаб, Индира Кастратовиќ и Ања Алтхаус.

-Ние во ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар. Тие имаат добра екипа и тренер што ги води и можам само да им честитам за прикажаната игра. Што се однесува до нашиот тим ние не покажавме ниту 10 отсто од тоа што го подготвувавме и очекувавме дека ќе дадат. Не може ова да се повторува секоја година, нормално не сум задоволна девојките треба да покажат многу повеќе од ова што го видовме вечерва. Не одработивме како што се договаравме последниот месец дена. Треба да работиме и на самодоверба кај девојките кога ќе влезат во игра. Примивме 27 гола, што е многу. Во прво полувреме дадовме 17 гола што е добро, но и примивме 14 што е многу. Некои девојки што ги пуштивме во игра мора да имаат поголема самодоверба. Имаме пет нови играчи, но тоа не е барање на алиби. Тренираме многу, но неможе во клучни моменти да паѓаат психолошки, изјави Кастратовиќ.

Ања напомена дека секогаш првите натпревари се тешки, но дека мора многу да се работи во наредниот период.

-Не знам што да кажам. Чудно е, од една страна сме среќни што освоивме бод, но требаше да победиме. Едвај чекавме да започне сезоната и знаевме дека овој прв натпревар ќе биде тежок. Делумно сум среќна што освоивме поен, но ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат, рече Алтхаус.