Во женската Супер ракометна сениoрска лига се одигра 4.коло, по кое следи ЕХФ-недела идеална за првиот пресек оваа сезона. Зад нас се успешни 4.рунди по кои дојдовме до 4 победи и до максимални 12.бода. Со истите сме лидери заедно со екипите на ЖРК Металург и Куманово.
Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев одигаа два домашни и два гостински напревари, на сите релативно лесно и предвремено дојдоа до победи. Кога сме кај нападот на црвено-црнио тим на изминатите дуели постигнавме 136.гола, имаме неверојатни 34.погодици, во просек, постигнати во противничките мрежи во воведните рунди пред ЕХФ-неделата. На овие мечеви ние примени имаме само 85 погодоци. Односно нашата одбрана и голманите се на ниво, па дозволуваме само 21.гол на одигран меч во нашата мрежа, што е одличен дефанзивен скор.
Резултати
1.коло, Стружанка-Вардар 20-30
2.коло, Вардар-Гевгелија 34-26
3.коло, Спартак-Вардар 27-33
4.коло,Вардар-Пелистер 39-17
Кај листата на стрелици се издвојуваат нашите крила, прв стрелец е девојката која игра на одлично ниво оваа ракометна есен, Трпевска Ивона. Капитенот одлично ги покрива задачите на крилната и бековската позиција, Диневска Бојана постигна 23.погодоци. Она што радува е одличниот старт сезонава на Миновска Сара, особено на мечот во Струга кога беше незадржлива, таа досега покажа допадлива игра и постигна 17.гола. „Маки“ се наоѓа на позицијата број четири, Галевска Марија досега стрелаше 14.пати , но имаше и дузина одлични асистенции. Зад нив на листата се пикерското дуо, Дамјаноска-Џатевска.
Листа на стрелци по 4.кола
1.Трпевска Ивона 26 гола
2. Диневска Бојана 23 гола
3.Миновска Сара 17 гола
4. Галевска Марија 14 гола
5. Дамјаноска Катерина 11 гола
6. Ивана Џатевска 9.гола
7. Стојановска Михаела 8.гола
8/9. Попова Јасмина 7.гола
8/9.Костовиќ Ангела 7.гола
10. Стефанија Ѓорѓиевска 4.гола
11/12. Стаменкова Теодора 3.гола
11/12. Лазаровска Михаела 3. гола
13/14. Паковска Јана 2.гола
13/14. Васевска Златица 2.гола
15. Јаковчевска Ива 1гол
Пулените на Александар Царчев, голманското трио на црвено-црните дојде до 58.одбрани на досегашните 4.меча. Тие во просек имаат 14,50 одбанети удари по одигран дуел. Сумарно на сите четири меча тие сопреле одлини 41% упатени топки кон нашиот гол. На листата во благо водство е Грујовска Симона пред Илиќ Андреа, на третто место се наоѓа Трајкоска Јована која со Пелистер имаше блескав перформанс.
Листа на одбранети удари кај голмните:
1.Симона Грујовска 22.одбрани
2.Андреа Илиќ 21.одбрана
3.Јована Трајкоска 15.одбрани