Нашиот ЖРК Вардар го одигра првиот меч дома во 2017 година, одигравме натпревар со шампионот на Франција екипата на Мец. Во овој дуел дојдовме до нова, седма победа по ред за девојките и Камара. Камара на прес конференцијата после мечот за медиумите изјави:
Честитки до екипата на Мец, ова беше тежок натпревар на кој не игравме добро до самиот крај. Не очекувавме дека ќе играат одбрана 3-2-1 во текот на целиот меч. Мора да тренираме сега на оваа тема, затоа што противникот ни направи доста проблеми. Што се однесува до Пенезиќ, повредата е на мускулот, ќе видиме во наредните денови за што точно се работи.
Од играчите присутна на средбата со новинарите по натпреварот беше најдобриот поединец вечерва, Дамњановиќ. Таа беше прв стрелец со пет гола и главен двигател на тимот. За медиумите на прес конференцијата таа го изјави следново:
Пред се сакам да и честитам на гостите за одличниот меч. Пред се среќни сме што освоивме два бода вечерва на овој дуел. Знаевме што не чека, очекувавме тежок натпревар, посебно по победата над Будуќност во која многу се потрошивме физички и психички. Очекувано, следеше пад во нашата игра, а најважно е дека победивме. Како што кажа Дејвис, не изненади 3-2-1 во одбраната и агресивната игра. Беа подготвени на нас. Ретко која екипа може да игра одбрана 3-2-1 цели 60 минути како Мец.